Продолжуваме со промените нема да го предложи Петков за премиер

Кирил Петков
Кирил Петков во Народното собрание на Бугарија / 22 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Продолжуваме со промените (ПП) ќе се обиде да формира нова влада во рамките на овој парламент, а за премиер ќе биде предложен поинаков кандидат од Кирил Петков, изјави потпретседателот на бугарското собранието, Атанас Атанасов за бТВ.

-Ќе си го кажат името, но тоа ќе биде од Продолжувме со промените“, рече Атанасов.

Со тоа преговорите ќе се стават на нова основа, бидејќи ова беше едно од барањата на БСП да се врати на преговарачка маса.

Според Атанасов, се зголемуваат шансите за формирање нова влада.

Има таков народ во својот став најавија дека ќе преговараат за влез во новата влада, но под услов во неа да ги нема копретседателите на партијата Кирил Петков и Асен Василев.

Во текот на денешниот ден треба да се знае името на новиот кандидат за премиер.

Претседателот Румен Радев денеска се очекува да го врачи мандатот за формирање нов кабинет на „Продолжуваме со промените“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот