Радев денеска ќе го врачи мандатот за состав на новата бугарска влада

Фото: МИА

Претседателот на Бугарија Румен Радев ќе и го врачи првиот мандат за формирање нова влада на најголемата политичка групација во Народното собрание „Продолжуваме со промените”.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, поддршката за новата влада, добиена со првиот мандат, станува се покомплицирана по повлекувањето на Бугарската социјалистичка партија од преговарачката маса, поради протерување на 70 руски дипломати од Бугарија.

Условот што го постави лидерката на бугарските социјалисти Корнелија Нинова е владата предложена да управува со државата да не биде предводена од поранешниот премиер Кирил Петков. Истиот услов го постави и партијата „Има таков народ” на Слави Трифонов.

Во 17 часот по локално време ќе се знае дали „Продолжуваме со промените” ќе го смени составот на владата, како и кој ќе ја води, бидејќи според уставот на државата кандидатот за премиер треба да го преземе мандатот од претседателот на Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот