Продолжува судењето на трето обвинетиот во случајот за убиството на Никола Саздовски

Фото: Слободен печат

За убиството на дваесетгодишниот Саздовски Кривичниот суд Скопје, во април 2019 година ги осуди Бесир Беља и Скендер Демири, на по 19 години затвор. Апелација годинава делумно ги прифати жалбите на Беља и Демири и им ги намали казните од 19 на 16 години затвор.

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето против трето обвинетиот за убиството на Никола Саздовски, Јетон Љужам, кој беше во бегство, а од пред неколку месеци е екстрадиран од Германија.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска.

За убиството на дваесетгодишниот Саздовски Кривичниот суд Скопје, во април 2019 година ги осуди Бесир Беља и Скендер Демири, на по 19 години затвор. Апелација годинава делумно ги прифати жалбите на Беља и Демири и им ги намали казните од 19 на 16 години затвор.

Според пресудата за Беља и Демири, обвинетите кои дејствувале заедно, се виновни затоа што на свиреп начин го лишиле од живот Никола Саздовски. Тие на 29 јуни 2018 година на булеварот „Александар Македонски” во Скопје, на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид” му пристапиле на Саздовски и му побарале лична карта.

Откако оштетениот им ја покажал личната карта, обвинетите неочекувано започнале заедно истовремено да го удираат со боксови во пределот на главата и градите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот