Продолжува изборната кампања, еве каде ќе се претстават претседателските кандидати

Предизборна кампања за претседателските избори во 2019 година / фото: архива

Претседателската кампања на седумте кандидати продолжува денеска. Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска е на средби со граѓаните на Желино, Брвеница и на Теарце, а потоа тој ќе одржи митинзи во Јегуновце и во Тетово. Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска- Давкова ќе одржи средби со граѓани и митинзи во Зелениково, Бутел и Карпош.

Претседателскиот кандидат на ГРОМ и коалицијата Стевчо Јакимовски во текот на денот ќе биде на средби со граѓани на Крива Паланка. Кандидатката за претседател поддржана од Левица Билјана Ванковска ќе одржи средби со граѓаните на Струга и Охрид. Кандидатот за претседател на коалицијата Вреди Арбен Таравари ќе има средби со граѓани во Паркот во Сарај, а вечерта ќе одржи собир во Куманово. Кандидатот за претседател на ЗНАМ Максим Димитроевски ќе биде меѓу граѓаните на Кичево, Демир Хисар, Кривогаштани и вечерта во Прилеп.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот