Проблеми во Јунајтед, фудбалерите не го сакаат Тен Хаг за тренер

Фудбалерите на Манчестер јунајтед сезонава не играат според очекувањата/ фото: PA-EFE/PETER POWELL

Поголем дел од фудбалерите на Манчестер јунајтед, не сакаат од следната сезона да бидат предводени од Ерик тен Хаг, кој е прв избор на управата за наследник на Ралф Рангник, пишуваат англиските медиуми.

Според медиумите, помал број на фудбалери како Бруно Фернандеш, Хари Мегваер, Рафаел Варан, Алекс Телјеш веруваат дека доаѓањето на Тен Хаг за тренер, ќе го врати Јунајтед во трката за трофеите, додека останатите фудбалери се против ангажман на Холанѓанецот.

Поголемиот број на фудбалери предводени од Кристијано Роналдо и Пол Погба сметаат дека Маурио Покетино е подобар избор и дека Аргентинецот би успеал да воведе ред во соблекувалната.

Сепак, соблекувалната е обединета околу една работа, тоа е дека не сакаат Рангник да остане евентуално на клупата и следната сезона, а згора на тоа бараат Германецот и да не добие директорска функција во управата туку на лето да си замине од „Олд трафорд“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот