Проблем за Русите, виси настапот на ОИ во Токио

фото:Twitter/olympics

ВАДА очекува РУСАДА во најскоро време да ја поправи грешката со непотполните податоци, а доколку тоа не се направи, на Русија би можел да и биде забранет настап на Олимписките игри во Токио идната година.

Имено, ВАДА вчера објави дека е покрената постапка против руската анти-допинг агенција. Русија се сомничи за манипулирање со податоци на московската анти-допинг лабораторија кои и биле пратени на надзорното тело во 2019 година.

„ВАДА на руската страна и даде три недели да ги објасни наводните измени на податоци од московската лабораторија“, изјави претседателот на одборот за жалби, Џонатан Тејлор.

Поради сомнежи за системски допинг, Русија нема да учествува на претстојното Светско првенство во атлетика бидејќи Светската атлетска федерација (ИААФ) одлучи да не им ја укине суспензијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот