Пробајте го рецептот на Стефанија Несторовска – палента тиквички мафини

Фото: Приватна архива

Клучот за популарноста на палентата лежи во нејзината разновидност. Може да се послужи со речиси сѐ и затоа е едно од омилените јадења во Македонија, но и во остатокот од светот.

Благодарение на вештите раце и инвентивноста на Стефанија Несторовска која стои зад инстаграм-профилот и блогот snestorovska.com, секогаш имаме можност да пробаме нешто интересно и несекојдневно. Денеска ни донесува рецепт за необичен спој во еден деликатес – палента тиквички мафини. Изобилство од вкусови и ароми.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 2 мали тиквички, рендани
– 4 јајца
– 1/4 филџан (50 мл) маслиново масло
– 3/4 филџан (10 лажици) палента
– 4 лажици овесно брашно или какво било брашно
– сол, бибер, оригано, минт или зачини по желба
– 1 лажичка прашок за печиво
– додатоци по желба (фета, рендан кашкавал, маслинки, пршута и слично…)
– семиња по желба (сусам, црно семе, сончоглед, семки од тиква…)

Фото: Приватна архива

Подготовка:

1. Се загрева рерната на 180 степени и се подготвуваат калапи за мафини. Ако користите силиконски мафини нема потреба да ги премачкувате, ако користите било каква друга тава – премачкајте со масло или поставете каписли.
2. Во длабок сад се додаваат ренданите тиквички (нема потреба да се цедат претходно) јајцата и маслото и се промешува.
3. Се додаваат сите останати состојки и повторно се промешува. Доколку користите некој додаток додадете го во веќе измешана смеса па потоа замешајте уште малку да се соедини со смесата.
4. Се печат 20 минути. Оставете малку да се оладат па извадете од калап.
5. Може да се консумираат веднаш или пак чувајте во затворен стаклен сад до 2 дена на собна температура или 4 дена во ладилник.

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот