Приведени тројца крадци, расчистени пет кражби
Полицијата расчисти пет кражби со лишување од слобода на три лица од Скопје, кои биле затекнати како превезуваат предмети од кривични дела, информира Министерството за внатрешни работи.
Препорачано
– На 28.03.2022 околу 21:30 часот, полициски службеници од ЕВР Гази Баба ги лишиле од слобода М.Г. (21), Б.Т. (21) и З.Н. (22), сите од село Огњанци, скопско. Тие биле затекнати како во возило „Фиат Браво”, со скопски регистарски ознаки, превезуваат предмети од кривични дела, се наведува во соопштението на МВР.
Петте тешки кражби ги сториле во февруари и март на 2022 година во викенд куќи во селата Катланово и Бадар. Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава за „тешка кражба”.


