Приведени две лица – одземени два килограми амфетамин, марихуана и пиштол при претрес во Скопје

Фото: МВР

Полицијата денеска привела две лица, триесет и едногодишниот Г.Ц и дванаесет години помладата А.Н, двајцата од Скопје.

Како што информира МВР, при претрес во домот каде што престојувал Г.Ц., извршен со судска наредба, а во кој била затекната и А.Н., пронајдени се и одземени над два килограми амфетамин, околу половина килограм марихуана, дигитална вага, пари и пиштол.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот