Триесет и две годишно лице барано со потерница за издржување затворска казна од две години фатила вчера полицијата во струшкото село Велешта.
Секторот за внатрешни работи Охрид денеска соопшти дека полициски службеници од полициското одделение Велешта го привеле А.А. од струшкото село Подгорци.
Лицето било барано со потерница од Основниот суд во Струга за издржување казна затвор во траење од две години. А. А е спроведен во Казнено поправната установа затвор Струга, информира СВР Охрид.