Приведен сопственик на угостителски објект поради непочитување на мерките за спречување на ширење на ковид-19

Фото: МИА

Вчера во 19.10 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект на ул. ЈНА во Тетово, сопственост на С.Г.(37) од Тетово. При контролата било констатирано дека не биле почитувани протоколите за работа на угостителските објекти, односно на масите имало повеќе гости од дозволеното.

Сопственикот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот