Приведен скопјанец осуден на казна затвор за разбојништво и тешки кражби

Фото: архива

Полицијата денеска во 12 часот во близина на трговски центар во Карпош го лишила од слобода триесет и деветгодишниот Д.М. од Скопје. Тој се барал по централна потерница по наредба од Казнeно-поправна установа „Идризово“, каде бил осуден на казна затвор од седум години и три месеци за кривични дела разбојништво и тешки кражби.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, за доиздржување имал уште околу две години и три месеци. Воедно, за него била распишана и централна потерница од ЕВР Бит-пазар за постоење основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Осуденикот денеска бил уапсен од полициски службеници од Оперативен тим – потраги при СВР Скопје. Притоа, кај него биле пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од кривични дела.

Д.М. е приведен и при извршен службен разговор признал едно разбојништво, кражба и десетина тешки кражби од возила, извршени во текот на јануари и февруари 2023 година, на подрачјата на ЕВР Карпош и на ЕВР Центар. Тој ќе биде спроведен во казнено-поправната установа, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот