Приватните автобуски превозници продолжија со блокадите

Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Протестите на приватните автобуски превозници со блокади ќе продолжат се додека нема напредок во состојбата, изјави за МИА Кемал Муриќ од „Слобода превоз”.

Тој додаде дека се останува исто, односно се додека нема некакво придвижување во состојбата ќе има блокади на неколку сообраќајни точки во главниот град.

Директорот на „Макекспрес превоз” Милорад Димитријевски вчера преку писмено соопштение рече дека претпријатието не е организатор на протестите и апелираше политичките партии да не ги злоупотребуваат превозниците за препукувања и поени.

– „Макекспрес превоз” не е организатор на протестите и не знаеме до кога ќе траат протестите, дали ќе се прошират на други улици и во кој формат ќе се протестира. Апелираме политичките партии да не ги злоупотребуваат претпријатието и превозниците за политички препукувања и поени, се вели во соопштението на Димитријевски.

Приватните автобуски превозници и денеска продолжуваат со протестите преку блокади на неколку од главните сообраќајни точки во главниот град. Според досегашните изјави од нивна страна, тие нема да ги отстранат автобусите се додека не се исполнат поставените барања за исплата на долгот што го побаруваат од Град Скопје.

Тие бараат од Град Скопје да се подмири долгот кон двете компании кој во целост изнесува преку 90 милиони денари, затоа што, како што велат, немаат средства за понатамошно функционирање поради недостиг на средства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот