ВИДЕО | Приватна приказна на Лозано за синот, пејачот никогаш поискрен
Влатко Лозаноски – Лозано раскажа приватна, семејна приказна која ја изненади јавноста. Пејачот, кој инаку е воздржан кога станува збор за личниот живот, овојпат искрено проговори за татковството.
Препорачано
Лозано во емисијата „Еден на Еден“ се отвори за синот Марко и откри колку време поминуваат заедно.
„Се случува од 7 до 12 часа да сум најмалку со него на ден. Се трудам да го има целото внимание од мене и јас искрено уживам кога сум со него. Учам цело време и некои нови работи од него. Сакам да сум приклучен во сите оние нови работи што ќе ги направи, да бидам сведок понатаму на првото чекорење, на првото запче, првпат кога ќе падне од кревет, првиот плач, насмевка, прво зборче, прва гримаса, и едноставно би сакал да бидам приклучен во тој емотивен момент“, рече пејачот, кој на 7 март ќе одржи концерт во салата „Борис Трајковски“, насловен „Километри љубов“.
Лозано неодамна со емотивно видео на Инстаграм ги разнежи своите фанови и се потсети на спомените од детството. Без сцена и гламур – само мало момче со големи соништа, кое уште од најраните години верувало дека ништо не е невозможно.
„Од првите детски соништа, до денес. Од првите ноти, до илјадниците километри љубов. Километри изодени со музика. Со сцени. Со емоции. Со вас. Километри што не се мерат во растојание, туку во спомени, доверба и заеднички рефрени. 7 март. Да ги прославиме километри љубов. Сите поминати. И сите што допрва ќе ги поминеме заедно“, напиша тој во описот.
„Татковството е најодговорната, но и најубавата улога што сум ја имал досега. Те менува од корен, те учи на трпение, на безусловна љубов и на тоа да ги гледаш работите од поинаква перспектива. Секој ден е ново учење и, искрено, уживам во секој момент, без разлика дали е лесен или предизвикувачки. Се трудам да бидам присутен и вистински вклучен, затоа што верувам дека времето и вниманието се најголемиот подарок што можеш да му го дадеш на своето дете. Семејството ми е темел и сила и токму од таму црпам инспирација и рамнотежа во сè што правам“, рече пејачот во неодамнешно интервју за „Слободен печат“.


