Пристигна сезоната на Ракот: Сентименталност, емоции и поврзување со нашите корени

Зодијак-15 век, фото: Flickr

На 21 јуни,  истиот ден со летната краткоденица и најдолгиот ден во годината, Сонцето ќе го напушти своето место во знакот на Близнаците и ќе се смести во Рак, што значи дека сезоната на Рак пристигнува. Следниот месец ќе се чувствуваме повеќе поврзани со нашите корени, сентиментални и подготвени да се поврземе подлабоко со нашите домови и со нас самите, пренесува „Refinery 29“.

„Ракот е првиот кардинален знак, како и првиот воден знак на зодијакот, така што има многу иницијативна енергија“, вели астрологот Нарајана Монтуфар. „Додека 1 јуни обично се смета дека е почеток на втората половина од годината, во реалноста, 21 јуни е вистинскиот почеток на вториот дел од 2022 година. Ако нашите новогодишни одлуки не успеаја овој ден ни дава втора шанса“.

Покрај новата енергија во која сите ќе уживаме, сезоната на Рак исто така ни дава зголемена желба да поминуваме повеќе време дома и да се поврземе со нашите семејства (и крвни роднини и избрани).

„Ракот е многу интуитивен, па секогаш кога сонцето паѓа во овој знак, сите чувствуваме дека нашата интуиција и сетилата стануваат посилни. Слободно може да се каже дека треба да се потпреме и да се водиме повеќе врз основа на она што ни го кажува стомакот“, вели астрологот Ива Наскова.

Следењето на вашата интуиција е клучно за следниот месец

Иако секогаш е добра идеја да се погледне внатре, сега нашите чувства во стомакот ќе бидат уште позабележителни. Време е всушност да седнете и да се опуштите и да му дадете приоритет на одморот овој месец.

Сезоната на Рак повикува повеќе да се впуштаме во она што ни изгледа како дом, без разлика дали тоа е личност, место или нешто трето.

Голем неделен хороскоп (20-27 јуни): На Вагите ги очекува раст на приходите, на Рибите им е потребен одмор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот