Голем неделен хороскоп (20-27 јуни): На Вагите ги очекува раст на приходите, на Рибите им е потребен одмор

неделен хороскоп
Што ни предвидуваат ѕвездите за оваа недела? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Овен

Вешто ќе се справувате со работи поврзани со комуникациите, ќе бидете добро информирани и чекор понапред од вашата конкуренција. На некои Овни им претстојат контакти со странство и решавање некои финансиски прашања. Оние кои се во врска или брак од 24 јуни ќе уживаат во хармоничен однос со партнерот, па ни повремените кавги нема да ја загрозат емоционалната среќа. Доколку сте слободни, би можеле да „паднете“ на шармот на некоја интелигентна личност, која ќе ве заведе со своите досетки и хумор. Искористете ја оваа недела за поинтензивно вежбање и слабеење – ќе имате одлични резултати! Ќе бидете исклучително остроумни, така што ништо важно нема да пропуштите.

Бик

Ќе се ослободите од долгови и ќе реализирате нови можности за заработка. Ќе имате простор за одреден напредок. Некои од вас ќе имаат материјална корист од „ризични“ инвестиции. Со својот настап и храброст, но и со втемелени аргументи ќе го принудите партнерот да се изјасни. На повидок е разговор кој ќе ги реши сомнежите и ќе ја дефинира врската. Ќе почувствувате порив за разубавување и поголема нега, можеби ќе ја промените фризурата или ќе сакате да го истакнете најубавото од вас. Ќе бидете одлично расположени и витални.

Близнаци

Би можеле да се впуштите во неформална работа со скратено работно време или да работите поактивно од обично. Вистинско време е да започнете приватен бизнис, да ја смените работата или да побарате унапредување. Емоционалните врски ќе бидат стабилни. Со партнерот ќе се разбирате без многу зборови и ќе ги чувствувате расположенијата. Проблемите ќе ја зајакнат вашата врска и ќе покажат дека функционирате одлично дури и кога околностите околу вас не се „најсјајни“. Ве очекува напорен период исполнет со многу обврски, но ќе успеете да направите се и работите ќе се движат според планот. Имате многу енергија, но не претерувајте. Избегнувајте радикални диети кои можат непотребно да го исцрпат вашето тело.

Рак

Ќе наидете на пречки на професионално поле или ќе сфатите дека некој не е на ваша страна. Бидете дискретни во вашите намери и не ги откривајте вашите планови на луѓе на кои не им верувате. Избегнувајте непотребни трошоци и размислувајте долгорочно. Врските во кои доминира љубомората или борбата за надмоќ ги очекува пресврт. Кризата ќе ви помогне да добиете подлабок увид во природата на вашите чувства, па ќе бидете порешителни доколку планирате да ја прекинете врската која не ве прави среќни. Доколку сте сами, ве очекува ново интригантно познанство. Некое време, ќе треба да се повлечете, да се смирите, да се изолирате и да се исклучите од јавноста за да соберете доволно енергија. Слушајте го сопственото тело.

Лав

Ќе ве привлекува сè што делува стимулативно и ве поттикнува да размислувате креативно. Ќе имате можност да покажете што и колку можете во работата што ја работите. Концентрацијата ќе ви се подобри, па ќе бидете многу ефективни. Ако сте во љубовна врска, ќе се чувствувате вљубени како да сте на нов почеток. Партнерот ќе ве разгалува и ќе направи сè што е во негова моќ за да се чувствувате задоволни. Доколку сте сами ве очекува ново познанство преку пријател, кое може да прерасне во романтична врска. Ретко кој ќе може да ја следи вашата енергија и љубов кон предизвици. Постојано ќе бидете во движење, а дружењето со пријателите понекогаш ќе трае и до доцна во ноќта. Богатиот социјален живот ќе ве исполни со задоволство.

Девица

Планетите ве предупредуваат. Не донесувајте избрзани реакции и одлуки. Не е исклучена можноста да ги навредите вашите колеги или претпоставени со нетактична изјава или да налетате на работа која ќе ве исцрпи. Вашата и несигурноста на вашиот партнер ќе излезе на површина и ќе го „поткопа“ вашиот однос. Одвојте доволно време еден за друг, особено ако во последно време сте се оддалечиле. Не правете сцени и не се расправајте бидејќи со тоа нема да постигнете ништо. Обидете се да му простите на вашиот сакан за некои ситници. Посветете повеќе внимание на здравјето и одржувањето на формата. Обидете се да го промените вашиот секојдневен животен ритам, своие деловни и прехранбени навики.

Вага

Ве очекува раст на приходите, пофалба од претпоставените и кристализирање на професионалниот углед. Ќе привлекувате внимание. Можни се пократки патувања во странство, квалитетни информации и стекнување нови знаења. Во љубовта свесни сте дека вашите желби полека се остваруваат, па не двоумете се да преземете нешто. Во новите почетоци пресудна ќе биде физичката привлечност, но и добрата интелектуална хармонија и проникливост. Доколку сте во врска или брак, внесете повеќе динамика и романса во односот со партнерот. Поволните планетарни влијанија ќе ја зајакнат вашата волја и моќ на позитивен став. Ништо нема да може да го расипе вашето расположение. Ќе бидете задоволни со својот изглед, затоа што ќе зрачите со неверојатен шарм.

Скорпија

Во еден момент ќе изгледа како сè да оди според вашиот план, но во следниот ќе имате чувство дека ништо не ви оди од рака. Можеби е добра идеја да ги одложете важните проекти за подобар период од овој. Ќе се бара од вас да бидете потолерантни, па ќе мора неколку пати да прогледате низ прсти. Ако сте вљубени во некого, ве очекува нова пресвртница – би можеле да влезете во врска. Ќе бидете автодеструктивни и склони кон зависности и лоши навики кои ќе ви предизвикаат бројни здравствени проблеми. Бидете повнимателни и внимавајте што правите.

Стрелец

Ќе ги решите заостанатите работи и ќе најдете решение за спорни ситуации. Ќе имате одредено зголемување на обврските и одговорностите, а вашата работа би можела да биде ставена под лупа од страна на вашите претпоставени. Оваа недела ќе имате потешкотии во комуникацијата со партнерот. Неговата критика ќе ја доживеете како личен напад. Ако застанете и размислите за зборовите на партнерот, ќе сфатите дека е во право. Слободните би можеле да се најдат помеѓу две прилики – кога е љубовта во прашање секогаш избирајте со срцето, а не со умот. Динамичниот и напорен дневен ритам на деловен, емоционален и семеен план може да придонесе за пад вашиот имунитет.

Јарец

Ќе наидете на куп документи и податоци што ќе треба да ги обработите. Ќе треба да се справувате со повеќе луѓе кои ќе влегуваат и излегуваат од вашето деловно опкружување. Луѓето околу вас ќе ги чувствуваат вербалните искри меѓу вас и некој ваш соработник. Контролирајте ја вашата импулсивна страна. Ќе се согласувате со партнерот, иако вашите ставови за многу работи се разликуваат. Не бидете крути и не барајте сè да биде по ваше. Дозволете му на партнерот да го каже своето мислење. Заземете позитивен став, наоружајте се со оптимизам и силна волја. Обидете се барем слободното време да ви биде помирно и помалку напорно.

Водолија

Ќе ве обземе сигурност со чија помош ќе може да направите големи промени на професионално поле. Ќе бидете креативно расположени. Ќе имате можност да ги презентирате своите идеи пред луѓе кои во нив ќе го препознаат вашиот талент и можност за заеднички напредок. Ве очекува период на интензивни дружби со пријатели. Големи се шансите дека ќе запознаете некоја интересна личност во таквата атмосфера. Доколку сте во врска или брак со партнерот конечно работите ќе си дојдат на свое. Омилените активности и хоби ќе ви помогнат да се ослободите од стресот, а доволно сон и квалитетна исхрана ќе бидат поефикасни за вашиот изглед и од најскапите козметички третмани.

Риби

Недостатокот на концентрација, идеи и одвлекување на вниманието не се алармантни, но држете се настрана од поголеми обврски и планови. Не избрзувајте со некои реакции на професионален план. Некој се обидува да ве испровоцира, останете смирени. Ќе избегнете бројни љубовни проблеми доколку ја тргнете суетата настрана и се приспособите на потребите на вашиот партнер. На партнерот ќе му треба вашето разбирање, а не критики или непочитување на плановите. Не претерувајте, намалете ги активностите, слушајте и следете ги знаците и потребите на своето тело. Не ја занемарувајте важноста од одмор и релаксација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот