Пријава за тројца несудени ограбувачи на казино

Архива

Денеска полицијата од Радовиш до Основното јавно обвинителство во Струмица поднесе кривична пријава против К.К. (27) од Радовиш поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „разбојништво” и „спречување на докажување” и против М.Т.(22) и О.А.(21), двајцата од село Покрајчево, радовишко, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво”.

На 9.5.2022 во 4 часот, М.Т. и О.А. со закана со пиштол и нож кон вработени во казино на улица „Свети Спасо Радовишки” во Радовиш одзеле два коверти со исплатени тикети за кои сметале дека има пари. После тоа, К.К. ги фрлил предметите со кое било извршено делото во канал во близина на с.Раклиш, радовишко.

По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Радовиш ги пронашле предметите. Исто така, при претрес во домот во кој М.Т. живее под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дробилки со остатоци од марихуана. На 16.05.2022 лицата биле лишени од слобода и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Тетовци фрлиле молотови коктели врз казино, повредиле полицајци кои биле внатре

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот