Претседателската фотелја – единствен услов на партијата на Хоти да учествува во владеачката коалиција во Косово

Фото: МИА

Членот на претседателството на Демократскиот сојуз на Косово Авдулах Хоти изјави дека нема да коалицира со движењето Самоопределување ако ДСК не го добие местото претседател.

Преговорите за коалиција заглавија околу барањето на ДСК упатено до самоопределување да им ја отстапат функцијата претседател.

– Ако не го добиеме местото претседател ќе одиме во опозиција, рече Хоти во емисија на телевизијата Т7.

Тој истакна дека ДСК е најстарата партија во Косово и како таква има искуство со градење институции.

– Ние исто така сме партија што ја градеше државата и како такви низ историјата ги стававме најдобрите луѓе на лидерски позиции, рече тој, додавајќи дека тоа не е услов, туку фер пристап на најстарата партија во Косово која прифаќа функцијата премиер да припадне на Самоопределување.

Демократскиот сојуз на Косово и Движењето Самоопределување добија најголем број гласови на парламентарните избори во октомври, но недоволно за самостојно да формираат влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот