Претседателот на Иран кој загина во хеликоптерска несреќа денеска беше погребан

Шиитските муслимани присуствуваат на бдеење со свеќи во спомен на починатиот ирански претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Амир-Абдолахиан/ЕПА

Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, која загина во хеликоптерска несреќа, денеска беше погребан во светиот град Машхад во североисточниот дел на земјата, каде илјадници ожалостени ги исполнија улиците по повод погребот.

Иранците тагуваат за време на погребната церемонија на починатиот претседател Ебрахим Раиси во светилиштето Имам Реза, во Машхад, Иран/ЕПА

Раиси, кој имаше 65 години, често се сметаше за можен наследник на 85-годишниот врховен лидер Али Хамнеи, кој ја држи највисоката позиција во Иран. Мохамад Мокбер, кој е прв потпретседател, ќе биде вршител на должноста претседател до изборите на 28 јуни.

На погребната церемонија присуствуваа ирански политичари и воени лица, како и верски претставници. Цвеќиња беа фрлани од толпите ожалостени кон бавно движечкиот камион со ковчегот, пред да биде погребан во „Имам Реза“ – најголемото исламско светилиште во земјата. Раиси е роден токму во Машхад.

Претходно, илјадници граѓани оддадоа последна почит додека ковчегот се движеше во кортеж низ источниот град Бирџанд.

Шиитски муслиман држи свеќа пред фотографијата на починатиот ирански претседател Ебрахим Раиси/ЕПА

Осум патници и членови на екипажот загинаа кога во неделата хеликоптерот со кој се превезуваа се урна во планински терен близу границата со Азербејџан. Меѓу нив беше и министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахиан, кој претходно денеска, исто така беше погребан, пренесе МИА.

Шиитски муслиман запали свеќи во спомен на починатиот ирански претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Амир-Абдолахиан/ЕПА

Иран прогласи петдневна жалост по смртта на Раиси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот