Претседателот на ФИФА позитивен на коронавирус

Првиот човек на светската фудбалска федерација, Џани Инфантино е заразен со коронавирус,објави ФИФА денеска.

Инфантино денеска го добил резултатот од тестот и тој бил позитивен. Претседателот на ФИФА чувствувал поблаги симптоми и поради тоа се тестирал. Откако го добил резултатот, Инфантино заминал во самоизолација каде ќе остане наредните 10 дена.

„Сите луѓе кои ви последните неколку дена бидел во контакт со Инфантино се известени и од нив се очекува да ги преземат соодветните чекори“, стои во соопштението на ФИФА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот