ПРЕТЧУВСТВУВАЛА НЕСРЕЌА: Загина пред 19 години, а нејзината сестра сега открива морничави детали

ена беговиќ
Принтскрин

Ена Беговиќ важеше за една од најубавите и најталентирани актерки на бившите ју-простори, која за жал, прерано го заврши својот живот во сообраќајна несреќа.

Нејзе ја обожаваше целиот Балкан. Секоја година, на денот на смртта, нејзината сестра Миа Беговиќ, која исто така е позната актерка, отворено зборува за тагата во нејзиното семејство поради овој немил настан.

„Како што поминува времето, толку повеќе ми недостига. Уште повеќе боли. Секоја година ми е потешко, времето не ми ги лечи раните. Тоа ви го велат само за да ве утешат и е страшно да го кажете на некој кој доживеал ваква трагедија“, изјавила Миа Беговиќ.

Таа зборува дека секогаш била поврзана со својата постара сестра, која секогаш се грижела за нејзе како родител. Актерката вели дека во нејзиното срце засекогаш ќе постои празнина.

„Лана, ќерката на Ена, сега е прекрасна млада дама. Добра студентка е, доследна на својата мајка. Многу сум горда на неа“, вели Миа Беговиќ за својата внука, која беше во истиот автомобил кога загина нејзината мајка.

Всушност, семејството на Ена се сеќава дека таа многу се плашела од автомобили и никогаш не ѝ било удобно да се вози, а по игра на судбината, загина на начинот од кој отсекогаш ѝ било страв дека ќе загине.

Миа вели дека каде и да оди, секогаш има луѓе кои ја препознаваат и кои ѝ пристапуваат зборувајќи ѝ за нејзината прерано загината сестра, што е само потврда за големината на нејзиното значење за балканската филмска и театарска сцена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот