Пресврт на пазарот на недвижности: Љубљана повеќе не е најскапа во Словенија

Љубљана, Словенија / Фото: Unsolash

Цените на недвижностите лани достигнаа ново рекордно ниво, на крилата на растот на цените на становите во првата половина од годината. Севкупно, цените пораснаа за 19 отсто и покрај тоа што растот беше умерен во втората половина од годината.

Во меѓувреме, бројот на зделки покажува поинаква страна на пазарот на недвижности – тие беа пет до десет проценти помалку од претходната година. Големата промена е што во последниот квартал од минатата година Љубљана повеќе го немаше приматот на најскапата недвижност во земјава, објави Н1 Словенија.

„На годишно ниво цените на становите и понатаму беа највисоки во Љубљана, но во последниот квартал, за прв пат од 2017 година, беа надминати од цените на крајбрежјето“, известуваат од Геодетската управа.

Во однос на 2021 година, цените на становите номинално се зголемени за 19 отсто, на земјиштето за изградба на станбени згради за 17 отсто, а на куќите за 12 отсто. Ваквиот раст на цените главно беше под влијание на извонредниот раст на цените во првата половина од годината, додека тој беше умерен во втората половина од годината.

Во втората половина од годината, цените на становите во најголемите градови практично стагнираа, се наведува во извештајот за словенечкиот пазар на недвижности за 2022 година објавен денеска на Геодетската управа на Република Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот