Преработки на познати македонски евергрини: Биба Додева го промовираше албумот „Незаборавни“

Фото: Инстаграм

Биба Додева го промовираше својот најнов албум „Незаборавни“, а на него се најдоа 11 познати хитови. Станува збор за преработки на познати македонски евергрини, а како бонус на албумот се најде и песната „Птица“.

Биба Додева албумот го работешe со Владимир Дојчиновски, со чија помош биле избрани токму овие композиции што се од периодот од 1962 година до 2002 година. На албумот можат да се слушнат песните „Виолина и гитара“, „Лажи ме“, „Сонце за три света“ и многу други.

Станува збор за мелодии што оставиле свој белег на тоа време, но и за песни кои и до ден-денес се слушаат и се негуваат. На проектот се работело повеќе од една година, а како гости се јавуваат голем број македонски музичари, но и тројца еминентни гости од регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот