ПРЕПОРАКИ ОД ИЗОЛАЦИЈА: Готвиме со Сибел Бајрам, идеи за превкусни рецепти

Активистката и претседателка на Здружението на жени Ромки „Лачо диве“, за читателите на „Слободен печат“ зготви пита со јогурт, шунка и кашкавал и Брауни, а рецептите ги споделуваме.

Во време на домашна изолација, Сибел Бајрам, која е наставник по англиски јазик во ООУ „26 Јули“ во општина Шуто Оризари, освен што е ангажирана со редовна „онлајн“ настава со нејзините ученици, почнала и да готви, иако претходно ретко готвела.

– Не се жалам, навистина досега сите 3 рецепти што ги зготвив беа превкусни и добив пофалби од моето семејство, чиишто членови се големи гурмани. Исто така, почнав и да вежбам дома, четири пати во неделата, за да се одржам во фит форма, да бидам поенергична и полна со позитивност. Во овие тешки денови најдете си занимација покрај вашите задолженија, почнете да пробувате работи кои можеби не сте ги практикувале до сега. Се надевам сите ќе си направите соодветен избор и ќе ја поминеме кризата безбедно во нашите домови, вели Сибел.

Еве ги рецептите од неа.

БРАУНИ СО КАКАО, ЧОКОЛАДО И СЛАТКО ОД ВИШНИ 

 СОСТОЈКИ

  • 3 шолји брашно
  • 1 мало лажиче сода
  • 6 кафени лажици какао
  • 1 прстофат сол
  • 2 шолји шеќер
  • 3 кафени лажици оцет
  • ¾ шолји масло
  • 2 шолји ладна вода
  • 2 кеси ванилин шеќер
  • половина изрендано чоколадо за готвење
  • 2-3 супени лажици слатко од вишни

ПОДГОТОВКА:

  1. Се мешаат сите суви состојки во чинија: брашно, шеќер, сода, какао и сол, па се додаваат во таа смеса масло, оцет, ванилин шеќер, вода, изрендано чоколадо за готвење и слатко од вишни.
  2. Се меша со жица или лажица, не ви треба миксер.
  3. Смесата се истура врз хартија на плех за печење, се пече на загреана рерна на 180 степени, 50-60 минути.
  4. По желба прелијте со чоколадо, ставете си шеќер во прав или пак нешто по ваш избор.

ПИТА СО ЈОГУРТ, ШУНКА И КАШКАВАЛ 

Одлична е за појадок, вечера и мезе.

СОСТОЈКИ:

  • 4 јајца
  • 400 мл. јогурт
  • 300 гр. брашно
  • 1/3 лажички сол
  • ½ лажички прашок за пециво
  • 150 гр. сечена шунка
  • 150 гр. рендан кашкавал
  • 100 мл. масло
  • 50-60 гр. кисели краставички

ПОДГОТОВКА:

  1. Се сечат шунката и краставичките, се ренда кашкавалот.
  2. Се мешаат во сад јајцата со јогурт, па брашнотосо сол и прашокот за пециво, се меша и се додава брашно со сечени шунка и кисели краставички, рендан кашкавал.
  3. На крај ставете си и зачини по избор.
  4. Се става смесата во плех со хартија и се пече на 180 степени додека порумени, околу 40 до 50 минути.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот