Премиерката на Нов Зеланд ја откажа својата венчавка поради 9 нови случаи на омикрон

img alt
Џасинда Ардерн, 40-та премиерка на Нов Зеланд / EPA-EFE/DAVID ROWLAND

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн (41) ја откажа својата венчавка откако воведе нови епидемиолошки ограничувања соочена со ширењето на сојот омикрон на ковид-19 во заедницата.

Нов Зеланд од денеска на полноќ воведува правила за маски и ги ограничува собирањата, бидејќи девет позитивни случаи покажале дека дошло до локално пренесување на новата варијанта. Станува збор за семејство кое се вратило во Нелсон на Јужниот остров откако било на венчавка во Окланд на Северниот остров, но и на други настани.

Се покажало дека членовите на семејството и стјуардесата од авионот со кој патувале се позитивни на коронавирусот.

Од недела на полноќ, оваа островска држава ќе прејде на црвена поставка според рамката за заштита од ковид, против ширењето на новиот сој омикрон, што значи повеќе носење маски. Угостителските објекти во затворен простор, како што се барови и ресторани и настани како свадби, ќе бидат ограничени на 100 луѓе. Границата е намалена на 25 луѓе ако местата не користат пропусници за вакцина, рекла Ардерн.

Премиерката Ардерн на прес-конференцијата рекла дека црвеното не значи „заклучување“ и дека жителите, сепак, ќе можат да ги посетуваат семејствата и пријателите и да патуваат низ земјата.

За својата венчавка таа рекла дека нема да се одржи, додавајќи дека ѝ е жал за секој на којшто му се случило слично сценарио.

– Мојата венчавка нема да се одржи – им рекла на новинарите.

На прашањето што мисли за откажувањето на венчавката, Џасинда Ардерн рекла: „Таков е животот“.

Ардерн не го открила датумот на својата венчавка.

Премиерката заклучила дека таа не се разликува од илјадници други Новозеланѓани кои претрпеле многу потешки последици.

ВИДЕО | „Оргиите се повторно дозволени, но под еден услов!“: Премиерката на Нов Зеланд ги потврди новите мерки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот