Премиер лигата ќе размисли дали да ја блокира продажбата на Њукасл

Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс, изјави дека ќе ги разгледа барањата за преземањето на Њукасл од саудискиот престолонаследник, Мохамед бин Салман да биде блокирано.

Хетус Кенгиз, свршеничката на убиениот новинар Џамал Кашоги и испрати писмо на Премиер лигата во кое бара Лигата да се спротивстави на продажбата на Њукасл на инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија (ПИФ) кој треба за сума од 300 милиони фунти да стане сопственик на еден од најпопуларните англиски тимови.

За убиството на новинарот Кашоги, многу безбедносни служби низ светот прстот го вперуваат кон саудискиот принц Мохамед бин Салман, кој е прв човек на ПИФ, дека тој го нарачал убиството кое беше извршено во 2018 година во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

Мохамед бин Салман/ EPA-EFE/RON PRZYSUCHA

Ваквите обвинувања, саудискиот престолонаследник ги негира.

Извршниот дирекрот на Премиер лигата, Ричард Мастерс и одговори на Кенгиз преку писмо во кое увид имаше Би-Би-Си и во кое се наведува дека лигата во целост ќе ги разгледа сите наводи за време на процесот во одлучувањето за продажбата на Њукасл.

Адвокатот на Кенгиз за Би-Би-Си изјави дека ова е прв пат да им биде кажано оти нивните ставови ќе бидат разгледани, а свршеничката на Кашоги преку друго писмо ги повика навивачите на Њукасл да го заштитат својот клуб и да се спротивстават на преземањето на клубот од страна на Мохамед бин Салман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот