Прекин на струја ги „скокнал“ вредностите на ПМ 10 во Кичево, еве како

 Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека високите вредности на ПМ 10 суспендираните честички кои пред кратко време се појавија на мерното место во Кичево се резултат на стабилизација на мерниот инструмент по настанат прекин со напојување со електрична енергија на тамошната автоматска мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух, во периодот од 15 до 19 часот.

При тоа,  како што соопшти вечерва Министерството, настанат е прекин во мерењата на сите параметри за квалитет на воздух вклучувајќи ги и мерењата на концентрацијата на ПМ 10 честичките.

По доаѓањето на електричната енергија мерните инструменти се рестартирани, а појавените високи вредности на измерени концентрации на суспендираните ПМ честички се случија поради процесот на стабилизација на инструментот по неговото повторно ставање во функција и се невалидни, појаснува во соопштение МЖСПП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот