Министерство за правда / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Предлог-законот за судска служба е подготвен и објавен на ЕНЕР

Предлог-законот за судска служба е подготвен и објавен на ЕНЕР, до јуни 2025 година треба да се донесе, соопшти денеска Министерството за правда.

Оттаму посочуваат дека е пристапено кон изготвување на овој закон во кој се инкорпорирани препораките од повеќе домашни и меѓународни извештаи и документи кои се однесуваат на потребата за унапредување на статусот на судската служба, содржани во Стратегијата за човечки ресурси во судска служба и препораките од Реформската агенда.

Со цел да се обезбеди независност на судството, како што посочуваат од Министерството за правда, предлог-законот предвидува изземање на судските од административните службеници регулирајќи ги правата и статусот на вработените во судската служба.

– Се воспоставува систем за управување со ефектот на судските службеници, работните цели и задачи, утврдување на индивидуалниот план за стручно усовршување, како и постапка за оценување на ефектот на судскиот службеник. Се интервенира во одредбите за висината на платата со цел привлекување, задржување и мотивирање на вработените; регрутирање на висококвалитетни кандидати на соодветни работни места и вршење на избор со помош на ефикасни и транспарентни алатки – велат од Министерството за правда.

Оваа реформа, како што посочуваат, е од клучно значење за мотивирање на вработените кои треба да бидат посветени во давањето на висококвалитетни јавни услуги.

– Со ова законско решение се излегува во пресрет на синдикатите и нивните долгогодишни барања. Сите заинтересирани имаат можност да дадат свои коментари, предлози и сугестии на предлог законот за судска служба кој според реформската агенда треба да се донесе до јуни 2025 година – се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот