Пред да спие со нив, славната пејачка партнерите ги води на тестирање за полови болести

инстаграм

Популарната пејачка Мел Б во гостувањето во една емисија откри дека од новите партнери секогаш бара да се тестираат за полови болести.

– Мислам дека е важно да поразговарате со партнерот пред сексот. Ќе се изненадите колку тие имаат желба да го направат тоа по разговорот. Сум била на безброј состаноци и доколку видам дека работата оди во таа насока им велам: Идеме на клиника заедно да го направиме тоа, појасни Мел Б како води сметка за своето сексуално здравје.

Исто така, пејачката призна дека никогаш не се потпира на тоа дека мажот ќе понесе контрацепција на состанокот.

– Сама сум и секогаш имам кондоми во својата торба, додаде таа.

– Имам три ќерки, осумгодишна, 12-годишна и 20-годишна. Јасно 20-годишната знае се за сексот, а со неа за тоа почнав да разговарам кога имаше 13 години. Многу добро ја информирав и тоа не зближи. На почетокот беше непријатно, но сметав дека не постои подобар начин отколку таа тоа да го дознае од мене, заклучи пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот