Пратениците позитивни на ковид-19 го следеа протоколот од Џафери и препораките од Комисијата за заразни болести

Според дополнението на протоколот број 02-2342/1 од 30.07.2020 година за спроведување на гласање за пратеници кои се наоѓаат во домашна самоизолација, испратен до Комисијата за заразни болести и потпишан од претседателот на Собранието Талат Џафери, пратениците кои се во самоизолација можат под посебни услови да го остварат своето право на гласање во една од постојните кабини во Големата сала.

Заканите дека овие пратеници го прекршиле Кривичниот законик со нивното присуство денеска во Собранието и дека нивниот пратенички имунитет нема да се остварат затоа што тие го почитувале овој протокол, во услови кога Собранието не се договори да продолжи со онлајн седници додека трае пандемијата од ковид-19 во Македонија.

Согласно протоколот двајцата пратеници позитивни на ковид-19 во Собранието се појавија со заштитни маски, ракавици и во скафандери. За нив беа обезбедени посебни кабини за остварување на своето право на глас, како и посебна рута на движење во Собранието која после нивното присуство ќе биде дезинфицирана. На тој начин нема опасност од зараза за другите пратеници и вработени во собранието на РСМ.

Во скафандер денеска гласаше пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска која своето присуство на седницата го најави преку Фејсбук, како и нејзиниот колега од ДОМ Мирослав Богдановски.

Претходно, при изборот на новата влада своето право на глас, на овој начин иако во изолација, го искористи и пратеникот Арбен Зибери од ДУИ.

 

И покрај реакциите на опозицијата, Собранието попладнево, со гласовите на мнозинството и опозицијата, ги донесе законите од петтиот пакет економски мерки наменет за граѓаните и за компаниите, за развој на македонска економија и за подобрување на ликвидноста на стопанството. Петтиот пакет содржи вкупно 29 мерки, во вредност од 9,7 милијарди денари или околу 160 милиони евра. 

Собранието го изгласа петтиот пакет економски мерки, а гласаа и пратениците позитивни на ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот