Адвокатот Пешевски: Пратеничката со коронавирус стори кривично дело по член 206 од КЗ, а за истото не ѝ важи пратеничкиот имунитет

Адвокатот Драган Пешевски преку објава на Фејсбук вели дека пратеничката која денеска се појави во скафандер во Собранието сторила кривично дело по член 206 од КЗ, а за истото не ѝ важи пратеничкиот имунитет.

– Пратеничкава се пофали, глумеше кловн, ги спаси граѓаните со гласање за „најбитните закони in the history of Babylon“, но меѓу другото стори и кривично дело по член 206 од КЗ, а за истото не ѝ важи пратеничкиот имунитет, па му испраќам глас на обвинителството, да си ја прибере надуенава на распит одма, затоа што овие предмети Обвинителството ги води како приоритетни предмети од итен каракте, напиша Пешевски.

Заразена пратеничка во скафандер најави присуство на собраниската седница за антикризни мерки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот