ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците болни од ковид-19 веднаш да се вратат во изолација затоа што ќе поднесеме кривична пријава

Пратениците болни од ковид-19 веднаш да се вратат во изолација, зошто ќе поднесеме кривична пријава, за нив и за сите кои го дозволиле нивниот влез и гласање, гласањето е нелегитимно.

Изолацијата од ковид-19 е задолжителна и истата не смее да се прекршува и прекинува, за ништо друго освен за посета на лекар. Правилата и прописите се јасни и децидни.

Пратениците болни од ковид-19 да се вратат во изолација веднаш, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава. Гласањето е нелегитимно.

Одговорност мора да има за сите од лицата кои ги пропуштиле да влезат во собранието и да го загрозат здравјето на сите, до Талат Џафери, кој дозволил нивно гласање, иако истите имаат решение за изолација и не смеат да го напуштаат домот, и да го посетуваат работното место.

Талат Џафери и СДСМ денеска покажаа дека законите за нив не значат ништо, и дека ги кршат на секој чекор, овие преседани не смеат да продолжат. Доколку ова помине, државата веднаш да им ги врати парите на сите казнети за неносење на заштитни маски, на сите кои го прекршиле полицискиот час и на сите кои потрошиле заштеди и подигале кредити за да се лекуваат низ КОВИД болниците. СДСМ е најголем ширач на зараза и канцерот на државата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Заразена пратеничка во скафандер најави присуство на собраниската седница за антикризни мерки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот