ЦУК: 1.694 повици на бројот за итни случаи во последното деноноќие

цук 112
Се воведува бројот за итни повици 112 / Фото: Слободен Печат - Драган Митрески

Во Центарот за управување со кризи, според последниот извештај, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Како што информира денеска ЦУК, кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.

Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие. Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.

Регионалниот ЦУК Штип информира дека на патните правци Брана Калиманци – граничен премин кон Република Бугарија, Македонска Каменица – Рудник „Саса“ и на патниот правец Делчево – Пехчево, коловозите се влажни и има ситни одрони при што се препорачува внимателно возење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот