ВИДЕО: Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ бараат 1,5 милион евра за изградба на веќе изградено училиште

Фото: Тимчо Муцунски / Фејсбук/принтскрин

14 пратеници од опозицијата во Собранието поднеле амандман на Буџетот за 2023 година со кој се предлага да се обезбедат 92.400.000 денари (околу 1,5 милиони евра) за изградба на модерно училиште со енергетски ефикасна градба „Димитар Македонски“ во населба Лисиче, пишува порталот „Локално“.

Фото: Локално.мк

Но, ова училиште е веќе изградено, а градоначалникот на Општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски тоа и го објави на Фејсбук уште во февруари годинава: „Од денеска учениците ќе можат да бидат во една топла атмосфера тука да ги поминуваат своите училишни денови.“

Еве кои четиринаесетмина пратеници го потпишале амандманот, кој од ВМРО-ДПМНЕ веројатно, без да го проверат, го „рециклирале“ од расправите за Буџетот во минатите години.

Фото: Локално.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот