ПРАШАЊЕ НА НЕДЕЛАТА: Кои според вас, се најголемите загадувачи на воздухот во Скопје?

Прашање на недела/ Слободен печат

„Слободен печат“ минатата недела спроведе анкета меѓу своите читатели на прашање „кои според вас, се најголемите загадувачи на воздухот во Скопје?“.

Според резултатите, за индустриските објекти и домаќинствата со греење на дрва и други материјали гласале по 23,28 % од граѓаните. 10,82 % од граѓаните гласале за автомобилите како главни виновници за загадувањето на воздухот. 19,67 % од луѓето се изјасниле за градежната експанзија како причина за загадувањето, а 9,18 за топланите на мазут. За уништувањето на зеленилото како причина за загадувањето на воздухот гласале 5,57 % од луѓето, а 8,2 % дале одговор „друго“.

Ново прашање на неделата на страната на „Слободен печат“ од секој понеделник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот