Познати првите детали за мистериозното летало од Загреб: Пристигна од правец на Унгарија, со брзина од 700 км/ч

ЗАГРЕБ КРАТЕР
Загреб, 11 март 2022 / Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Хрватските власти започна да ги објавуваат првите податоци за леталото што синоќа околу 23 часот се урна во Загреб и остави кратер зад себе.

ЗАГРЕБ КРАТЕР
Загребска полиција на местото на настанот / EPA-EFE/ANTONIO BAT

Според соопштението на хрватската влада, веднаш по падот на беспилотно летало од воен тип кој, според досега собраните податоци, со брзина од од 700 км/ч на надморска височина од 1.300 метри.навлегол во хрватскиот воздушен простор од исток кон запад, односно од унгарскиот воздушен простор.

ЗАГРЕБ КРАТЕР
Хрватски војници го набљудуваат просторот каде падна воениот дрон / Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

– Во тек е криминалистичка истрага во соработка со криминалистичката и воената полиција, а се преземаат и други мерки во координацијата на безбедносниот и одбранбениот систем, вклучително и меѓународната соработка, особено со НАТО, за да се утврдат сите околности на настанот. се вели во соопштението.

Во Загреб синоќа одекна силна експлозија како резултат на пад на воено беспилотно летало , а на местото на несреќата беше направен огромен кратер во пречник од 3 метри.

ВИДЕО: Некакво летало се урнало во Загреб, оставајќи кратер зад себе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот