Познати имињата на пет кандидати за наследник на Бартомеу

epa08775832 The president of FC Barcelona, Josep Maria Bartomeu, leaves the Camp Nou stadium after the FC Barcelona's Board of Directors meeting in Barcelona, Spain, 26 October 2020, during which the members have discussed the possibility of resigning. EPA-EFE/Alejandro Garcia

Се очекува во трката да се вклучат уште најмалку две имиња.

Оставката на Хосеп Марија Бартомеу и понатаму е ударна вест во шпанската јавност која веднаш започна да истражува кои се можните наследници на претседателската функција.

Клубот моментно се наоѓа во рацете на преодна управа чија обврска е да распише претседателски избори на најрано 40, а највеќе 90 дена.
Поради тоа кандидатите за претседател веќе се подоготвуваат за кампањата, а медиумите досега дознаа пет имиња кои сигурно ќе бидат во трката за челник на Барселона, тоа се Виктор Фонт, Тони Фреич, Жорди Фаре, Аугусти Бенедито и Луис Фернандез Ала, а треба да се вклучат уште најмалку две имиња.

Поранешниот претседател на клубот Емили Русо сè уште официјално не ја објави својата кандидатура иако во медиумите најави таква можност. Второто име е далеку попознато, тоа е Жоан Лапорта кој веќе беше претседател на Барселона. Можно е во трката да се вклучат и поранешниот претседател на Каталонија, Жорди Роче и бизнисменот Жоан Росел, пишува „Мундо Депортиво“.

Според „Мундо Депортиво“ засега најголем фаворит е Виктор Фонт кој зад себе има голема поддршка од клупските легенди, Чави Ернандез, Карлес Пујол како и на Жорди Кројф. Доколку биде избран за претседател, Фонт најави дека Чави ќе биде новиот тренер на Барселона, додека Пујол и Кројф како и Андрес Иниеста кога ќе ја заврши кариерата ќе добијат место во управата.

Шанси да го наследи Баротмеу му се даваат и на Аугусти Бенедито кој веќе се кандидираше на изборите во 2010 и 2015 година но беше поразен од Сандро Росел и токму од Бартомеу. Бенедито и најпознат по тоа што ја покрена кампањата на собирање на потписи за рефенндум на кој требаше да се гласа за недоверба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот