Позната причината за самоубиството на Србинот во Турција: Со години земал терапија, а една работа никако не можел да преболи

Фото: Фејсбук

Самир Бато Тузинац (35) од Нови Пазар, Србија, загинал во петокот во Турција, кога за време на медениот месец скокнал од шести кат од хотелот во кој престојувал заедно со својата сопруга, пренесува Еспресо.рс. 

Тузинац се оженил пред само неколку дена, а по свадбата во Нови Пазар со сопругата заминале на меден месец во Турција.

Веста која пристигна од Турција дека 35-годишен маж извршил самоубиство скокајќи од шестиот кат на хотелот „Дизалија Палм Гарден“, во турското летувалиште ги растажи сите во градот.

Меѓутоа, има и такви кои не прифаќаат дека станува збор за самоубиство, туку за несреќен случај, сметајќи дека тој загубил рамнотежа и несреќно паднал.

– И натаму со сигурност не е потврдено како тој паднал од шестиот кат од хотелот бидејќи терасите имаат висока ограда, но се очекува дека ќе се знае кога телото ќе биде вратено во Нови Пазар за да Тузинац да биде погребан – раскажува за српските медиуми пријател на починатиот.

И додека неговите пријатели се убедени дека вистината ќе може да ја каже само неговата сопруга Алмина Нумановиќ (34), која во моментот на неговата смрт се наоѓала во хотелскиот тоалет, неофицијално се зборува дека Тузинац веќе неколку години примал одредена терапија за психички болести.

– Самир многу тешко ја поднесе смртта на неговиот татко, кој пред 15 години трагично настрада во сообраќајна несреќа. Самир од тогаш драстично се промени. Некако се повлече, и се посвети на верата и во неа ја наоѓаше смислата на животот – раскажува другар на Самир, а пренесува Еспресо.

Примал терапија

Самир наводно по споменатата трагедија почнал да зема и одредена терапија за психички проблеми.

– Сигурно не сакал да ја прима терапијата додека бил на меден месец, па можеби и тоа е причината поради која скокнал од тераса. Сигурно нешто му се случило во глава поради тоа што не ги земал неопходните лекарства. Сите останати приказни кои вклучуваат кавга со неговата сопруга паѓаат во водата, бидејќи сите кои го познаваа Тузинац велат дека многу ја сакал својата жена и бил сигурен дека таа е љубовта на неговиот живот – додава неговиот пријател.

Тузинац зад себе ја остави мајка си и две сестри. Мајката на Самир била просветен работник во Нови Пазар, која наскоро требало да оди во пензија. Телото на настраданиот Тузинац било испратено на обукција. Очајнот осемејство по трагедијата се упатло во Турција, каде чекаат дозвола да го донесат неговото тело во Нови Пазар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот