Позитивна вест од Белгија: Вакцината против ковид-19 на „Фајзер“ и на „Бајонтек“ почна да се произведува во Антверпен

Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Белгија е една од двете места каде што почна да се произведува вакцината против ковид-19 на фармацевтските компании „Фајзер” и „Бајонтех”.

Покрај Антверпен, каде се наоѓа европското седиште на компанијата „Фајзер”, вакцината се произведува и во сојузната американска држава Мичиген.

– Веќе произведовме стотици илјади дози на двете локации, потврди Коен Колперт од белгиската компанија „Фајзер“ за локалните медиуми.

Американски „Фајзер” и германски „Бајонтех”, по прелиминарните анализи во рамки на третата фаза од испитувањето, објавија дека нивниот кандидат за вакцина против коронавирусот има „90 процентна ефикасност”, што беше утврдено „седум дена по примањето на втората доза”.

Вакцината сè уште чека „зелено светло” од здравствените власти, а „Фајзер” и „Бајонтех” најавија дека планираат да испорачаат 1,3 милијарди дози во текот на 2021 година.

Европската комисија е во преговори со овие компании за договор за испорака на 300 милиони дози за земјите-членки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот