Пожарот изгаснат, снабдувањето со струја во Скопје нормализирано

Гори трафостаницата во Пинтија/ Фото Фејсбук

Изгаснат е пожарот што доцна попладнето избувна на стрништето спроти трафостаницата во Пинтија, предизвикувајќи оштетувања на високонапонската инсталација поради што поголемиот дел од Скопје остана без струја.

На местото се противпожарни екипи со две возила кои успеаја да го изгасната огнот, како и припадници на полицијата.

Од МЕПСО информираа дека напојувањето со електрична енергија било прекинато поради пожарот во близина на трафостаницата за да можат да интервенираат противпожарните единици.

Речиси цело Скопје беше без електрична енергија од 17:15 до 18:00 часот.

ВИДЕО: Се запали трафостаницата во Пинтија, пожарникарите го гаснат пожарот

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот