Пожар во зграда во Аеродром, се слушнале и експлозии

Противпожарно возило / Фото: МИА

Пожар избувна денеска во подрумските простории во зграда на улицата „23 октомври” во Аеродром. Причината за пожарот уште е непозната, но по негово настанување, експлодирале и две плински боци.

Како што информира за МИА, командир на тимот на Територијална противпожарна единица, Среќко Чимевски, со настанување на пожарот, граѓаните пријавиле и силна експлозија, по што е утврдено дека експлодирале плински боци.

Според очевидците, пожарот настанал или од заварување, или од дотраена инсталација.

На терен интервенирале две противпожарни возила и десет пожарникари обезбедени со кислородни боци. Пожарот е локализиран во првата фаза, а во моментов се проверува дали е целосно изгаснат.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот