Пожар ноќеска пеплоса куќа во Скопје, кираџиите се сомневаат дека е подметнат

Фото: Протипожарно возило/илустрација

Куќа на ул. „1737″ во близина на „Адвокатската“ улица во Скопје целосно изгоре во пожар што избувнал ноќеска. Пожарот бил пријавен во 3.20 часот, по што го гаснеле 13 пожарникари со шест возила.

Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, за МИА изјави дека пожарот зафатил површина од околу 350 квадратни метри и дека бил во фаза на распламтување низ целиот објект кога пожарникарите дошле да го гасат.

-Почнат е од подрумските простории, проширен е на приземје и на катот, рече Томевски, додавајќи дека е изгаснат и во моментов се расчистува локацијата, а бидејќи се работи за стар објект, изграден од дрво, на терен е сè уште противпожарна екипа.

Сопствениците на изгорената куќа ја имаат издадено под кирија и во неа работат печатница и адвокатски канцеларии. Тие беа на местото на пожарот и се сомневаат дека е подметнат, зашто во септември изгорела и соседната куќа, како што велат – исто така во недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот