Фото: МИА

Повредените во железничката несреќа кај Ногаевци надвор од животна опаснос

Несреќата се случи денеска околу пладне меѓу товарен воз, кој сообраќал на релација Трубарево-Градско, и возило „форд галакси” со велешки таблички кај село Ногаевци на обележан премин со исправна светлосна и звучна сигнализација.

Четворицата повредени во железничката несреќа кај Ногаевци се надвор од животна опасност. Тројца се мажи и тие се задржани во Велешката болница, а една е жена на возраст од 50 години која поради здобиените повреди на лицето е пренесена на понатамошно лекување во Скопје.

Портпаролот на Општата болница во Велес, Тодор Јаковлевски изјави дека жената се здобила со фрактура на лицето и оти по укажаната медицинска помош е препратена во Скопје, а двајца од повредените мажи се здобиле со фрактури, додека еден има полесни повреди.

Еден од двајцата потешко повредени има исчашување на колкот и фрактура на чашката на колкот, а вториот има фрактура на ребра.

Во несреќата загина 24-годишно момче.

Несреќата се случи денеска околу пладне меѓу товарен воз, кој сообраќал на релација Трубарево-Градско, и возило „форд галакси” со велешки таблички кај село Ногаевци на обележан премин со исправна светлосна и звучна сигнализација.

Според првичните информации, повредените биле пациенти на дијализа кои требало да бидат однесени во болница.

Од велешката Железничка станица за МИА изјавија дека железничкиот сообраќај е пуштен за сообраќај по направениот увид од страна на полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот