Повредени две лица во сообраќајка на патот Струга – Дебар

Фото: МВР

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Струга – Дебар, соопшти денеска СВР Охрид.

Сообраќајната несреќа, како што е наведено, се случила кај клучката кон струшкото село Долна Белица, меѓу автомобили „Мерцедес” со австриски регистарски ознаки, управуван од С.Т.(52) на привремена работа во Австрија и „Опел” со вевчански ознаки, управуван од С.Ш.(41) од Вевчани.

– Со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Опел”, констатирани во Општата болница во Струга, додека малолетно лице-сопатник во истото возило се здобило со телесни повреди. Увид на местото на сообраќајната незгода извршија полициски екипи – појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот