Повреден маж при гаснење пожар во скопско Смилковци

Скопската полиција од надлежните во Бригадата за противпожарна заштита биле известени дека во село Смилковци настанал пожар во плевна, сопственост на З.Ф.(46) од селото.

Во објектот имало земјоделска механизација и добиточна храна.

Притоа, со повреди се здобил И.Ф.(42) од Смилковци и бил пренесен во градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

Пожарот бил изгаснат од екипи на бригадата за противпожарна заштита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот