Молњи / Фото: Wikimedia Commons / илустрација

Повеќе од 300.000 молњи ја погодиле Британија вчера

Над 300.000 удари на молњи над и околу Велика Британија биле забележани од метеоролозите вчера, пренесоа британските медиуми.

Метеоролошката служба соопшти дека поголемиот дел од громовите се случиле на море, но обилните дождови и невремето го погодиле и копното, предизвикувајќи поплави и штети во Кент.

На социјалните мрежи има бројни поплаки за прекини во снабдувањето со струја поради невремето.

Полицијата во Кент го затвори автопатот A256 за сообраќај, а транспортните компании ги откажаа сите патувања.

https://www.standard.co.uk/news/uk/uk-weather-lightning-thunder-heatwave-met-office-b1232935.html

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот