Потпишан договор за нова трибина на стадионот во Охрид

фото:ффм

Претседателот на Фудбалската федрација на Македонија, Муамед Сејдини и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески официјално го потпишаа договорот за соработка во проектот за изградба на нова трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

Проектот е дел од активностите на ФФМ за подобрување на фудбалската инфраструктура во општините во Македонија со поддршка од УЕФА и програмата за развој. Реконструкција и изградба на трибини на два стадиони во државата – стадионот „Чаир“ во Скопје и стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, како и поставувањето на нова тревна подлога со најмодерен дренажен систем на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп се покрупните инфраструктурни активности кои ФФМ ги работи заедно со трите општини.

Според проектот за стадионот во Охрид предвидено е трибината да има капацитет од 1480. седишта, од кои во централниот дел ќе бидат ВИП местата, а предвидено е да има коментаторска кабина и простор за ТВ камери.

Во долниот дел од трибината предвидени се административните простории, соблекувални, просторија за официјални лица, потоа за допинг контрола и лекарски прегледи, како и останати придружни простории.

– Инфраструктурата е тоа што ќе остане, верувам дека тој начин на размислување и делување во вистинска смисла го сфаќаат сите кои се вклучени во оваа работа. Благодарност до администрацијата во општина Охрид и градоначалникот Константин Георгиески за довербата и поддршата во овој проект и се надевам дека нашиот однос само ќе го унапредуваме. Искрено се надевам дека тоа ќе го направиме според договореното и согласно нашите и принципите на УЕФА. Наша единствена цел со ваквиот тип на проекти е да овозможиме услови какви што заслужуваат тимовите, гледачите и репрезентацијата – изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот