Потег на годината: Фудбалер во Украина намерно утна пенал! (ВИДЕО)
Поранешниот репрезентативец на Украина, Денис Кожанов имаше фер плеј потег кој го направи на пријателскиот натпревар меѓу неговиот Волин и Лвив.
Кожанов намерно утнал пенал при резултат 2:1 за противникот, бидејќи сметаше дека судијата погрешил што досуди најстрога казна, односно немало никаков контакт за прекршок.
https://twitter.com/uabookierating/status/1152683665769582596
– Ние сме за правда. Зошто да го провоцираме противникот. Ветив дека ќе го утнам пеналот и мислам дека го направив вистинскиот потег – рече Кожанов.
Доби аплауз од гледачите на трибините, како и од противничките фудбалери на теренот.
Крајниот резултат на оваа тест средба беше 2:1 за Лвив во чиј тим двоен стрелец беше Ренан, а на спротивната страна погодок имаше Пономар.