Постигнат договор, се враќа Клаудио Раниери! (ФОТО)

twitter.com/Oddschanger

„Скај Спорт Италија“ и „АНСА“ известуваат дека преговорите завршиле успешно во четвртокот попладне, а Раниери според договорот треба да заработува плата од 2 милиони евра.

Сампдорија ги започна разговорите со 67-годишниот стратег, откако беа одбиени од поранешниот тренер на Милан, Џенаро Гатузо.

Тој го наследува Еузебио Ди Франческо втора сезона по ред, претходно тоа го направи во Рома кон крајот на претходната сезона.

Раниери има богата кариера, освен во Италија, ги водеше уште Валенсија, Челзи, репрезентацијата на Грција…

Сампдорија моментно после седум кола во Серија А е на дното на табелата со само три бода. После репрезентативните обврски ќе дебитира на клупата против Рома на 20 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот