„Последниот танц“: Родман два дена имаше оргии во Лас Вегас, а потоа ги шокира сите на тренингот 

твитер

Во САД се прикажани 3. и 4. епизода од документарниот филм „Последниот танц“ во кој се зборува за походот на последната шампионска титула на Чикаго булс.

Секогаш контроверзниот Денис Родман имаше голем удел во освојувањето на титулите на Чикаго булс, но во двете епизоди од „Последниот танц“ се гледа дека имал посебен третман кај тренерот Фил Џексон. .

Во текот на сезоната кога Скоти Пипен пропушти 35 натпревари поради повредата на стапалото, токму Родман ја доби задачата да го надомести неговото отсуство, и одлично си ја заврши работата.

Поради тоа, Родман доби дозвола од тренерот Фил Џексон да замине на 48-часовен „одмор“ во Лас Вегас.

– Денис беше тој што не одржа сите заедно – изјави Џексон, додека Џордан открива како Родман барал одмор по враќањето на Пипен на терените.

Излетот во Лас Вегас беше се, само не одмор. Родман таму беше „уловен“ во кревет со актерката Кармен Електра.

Веднаш по враќањето од „градот на гревот“, тренерот Џексон организира кондициски тренинг со една цел, да биди во каква состојба е Родман.

Резултатите беа неверојатни, Родман беше најдобар откако две ноќи, како што тој вели имаше вистинки оргии со Електра.

– На Денис му беше потребно малку да „излезе“, но да бидеме искрени, тој секогаш беше тука за нас кога требаше – зборува Џордан.

Идентично мислење има и Фил Џексон.
– Денис беше одметник, но во еден момент секогаш сака да биде дел од групата. Го цениме тоа што е осамен каубоец, но кога ќе дојде моменто да се покаже на теренот – тој секогаш е тука за нас и го дава максимумот – додава Џексон.

Во новите епизоди се зборува и за култниот тајм аут и шут од плејофот во 1989 година, момент кој се смета за пресвртница во Чикаго кој конечно го надмина менталитетот на губитник.

Станува збор за плејоф серијата со фаворизираниот Кливленд кавалирс која заврши со култниот шут на Џордан за триумф на „биковите“.

Чикаго во тој натпревар постојано беше во негатива но не дозволи разликата да биде преголема и успеа во финишот да внесе неизвесност. Во текот на целиот натпревар улогата на чувар на Џордан ја имаше Рон Харпер, се до завршницата кога тренерот Лени Вилкинс таа задача му да даде на Крег Ило.

 

Тоа се случуваше на последниот тајм аут во последните моменти од натпревари.
– Си реков з**би го ова срање – рече Харпер на тајмаутот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот